Фото: Shutterstock.com

Уште е доста рано за најава на новини кај наредната генерација од Android, повеќето производители уште се во процес на надградба на уредите на своите корисници на Android 12, но сепак дечките од XDA Developers веќе ги имаат дел од функциите на Android 13.

Оваа верзија од Android треба да биде за првпат пуштена некаде во февруари идната година, односно тогаш треба да биде пуштена првата верзија за програмерите, по што идното лето ќе следи и бета верзијата за обичните корисници.

Извори на XDA Developers, а од страната истакнуваат дека не е првпат тие вака рано да ги објават новините кај Android, најавуваат неколку нови функции кои ќе станат дел од Android 13. Поради поголемите промени кои беа дел од Android 12, наредната верзија ќе биде во главно со промени во функциите, но не и во изгледот.

Првата новина која се најавува кај Android 13 е можноста за промена на јазикот кај секоја апликација посебно. Моментално корисниците можат да го променат јазикот на целиот систем и сите апликации, како и да го променат јазикот кај апликациите кои тоа го нудат во своите прилагодувања. Со Android 13 промената ќе оди посебно преку Settings на системот, а секако за истото ќе треба да има поддршка и од самата апликација.

Наредната новина е поврзан со известувањата, нешто што веќе е стандардно кај iOS, а на корисниците ќе им овозможи воведување на ред на својот телефон. Како дел од дозволите кои ги имаат апликации, како што се дозвола за користење на локацијата, камерата, микрофонот и слично, сега во таа група ќе бидат вклучени и известувањата. Иако корисниците и сега можат да ги исклучуваат известувањата кај секоја апликација посебно, сепак не се малку тие кои и не знаат за оваа можност. Со Android 13, секоја апликација ќе мора да побара дозвола од корисникот при инсталација дали може да му испраќа известувања.

Изворите на XDA Developers информираат за уште една новина која треба да придонесе за подобрување на траењето на батеријата преку нов систем наречен TARE – The Android Resource Economy. Во овој момент нема многу информации за тоа како ќе функционира овој систем, па се што се истакнува е дека апликациите ќе имаат еден вид на „кредити“ врз основа на кои ќе им се овозможува да функционираат, зависно од тоа колку е полна батеријата и колку е важна нивната „работа“.

Со оглед на тоа што до првото официјално пуштање на тест верзија од Google има уште нешто помалку од два месеци, може да очекуваме дека ќе прочитаме уште по некоја неофицијална информација, а потоа ќе видиме кои од нив ќе завршат во официјалните верзии од оперативниот систем.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2XDA Developers
Претходна статијаСнежно а капела изненадување од Sarah Mace & The Christmas Girls
Следна статијаВо САД одобрени првите капки за очи кои привремено ја тргаат потребата од очила за гледање блиску
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.