Американската FDA во октомври оваа година ги одобри првите капки кои треба да ја заменат потребата од очила кај луѓето. Овој ефект е наменет за намалувањето на видот после 40 години и влијае на можноста за гледање на работите од блиску, односно читање и слично.

Ефектот на капките е привремен, што значи дека најверојатно голем дел сепак ќе се одлучат да носат очила, а посебно кога ќе се земе во предвид дека цената на овие капки изнесува 80 долари за еден месец.

Vuity е името на капките кои во САД може да се купат од аптека со рецепта. Функционираат преку намалување на големината на зеницата, со привремено затегање на одредени мускули во окото. Со тоа се овозможува прочистување на погледот кој по четириесеттата година почнува да ослабнува.

Ефектот почнува да се забележува 15 минути по ставањето на капките, а останува од 6 до 10 часа, што значи е доволно за да издржи еден работен ден на читање и користење на компјутерот.

Од производителот нагласуваат дека ова се капки кои имаат ефект на ослабнувањето на видот со старост и за гледање од блиску, а не за ослабнување на видот поради некои од останатите „пореметувања“ поради кои луѓето носат очила и во помлади години.

ИЗВОРExtremeTech
ИЗВОР 2CBS News
Претходна статијаНеофицијално објавени првите информации за новите функции кај Android 13 „Tiramisu“
Следна статијаТиго Фајнанс – четири години синоним за поддршка, достапност и брзина на Финтек услугите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.