Google оваа година доцни со пуштањето на финалната верзија од Android, кој е дојден до својата дванаесетта верзија. Обично финалната верзија станува достапна во септември, па иако има уште време за тоа, сепак очекувањата се дека тоа ќе се случи на почетокот од октомври.

Информацијата за тоа дека Android 12 треба да се очекува на 4ти октомври доаѓа од главниот уредник на XDA Developers. Според него, Android 12 ќе биде достапен во AOSP на таа дата, па од досегашното искуство, може да се очекува и официјално пуштање на овој оперативен систем.

Ова сепак не прави разлика за повеќето корисници, а посебно во нашата земја. Први ќе почнат да ја добиваат новата верзија сопствениците на кај нас недостапните Pixel уреди, а на тоа се приклучуваат уште мал број на производители.

Повеќето корисници може да ја очекуваат надградбата на својот телефон после неколку месеци, а тоа во главно е доколку имаат понов телефон. Останатите најверојатно ќе почекаат до идната година, ако воопшто надградбата следува за нивниот телефон.

Како и да е, Android 12 е поголема надградба на системот која донесува повеќе новини, а не само тие поврзани со перформансите и слично. Google се одлучи да го освежи корисничкиот интерфејс со Material You дизајнот, а ќе бидат достапни и нови виџети, новини поврзани со приватноста и слично.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаAmazon ги претстави своите први телевизори
Следна статијаInstagram тестира нова можност за омилени корисници чии објави би се прикажувале први
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.