Amazon оваа недела влезе на пазарот на телевизори со претставувањето на првите телевизори произведени од оваа компанија. Како што би се очекувало, телевизорите за почеток ќе бидат достапни само за корисниците во САД и ќе се продаваат преку Amazon, а ќе бидат достапни и преку Best Buy.

Од компанијата претставија две посебни серии од телевизорите, Amazon Fire TV Omni Series и Amazon Fire TV 4-series. Двете серии се слични, со тоа што Omni серијата се смета за посилната.

Телевизорите од Amazon сепак не се направени во OLED технологијата, па истите се достапни со прилично прифатливи цени кои почнуваат од 370 долари, па одат се до 1100 долари за најсилниот модел.

Иако се работи за LED технологија, сепак Amazon телевизорите ќе дојдат со доста добри карактеристики како 4К резолуција, HDR10, HLG, како и Dolby Digital Plus.

Можеби овие телевизори не се достапни во остатокот од светот, но дефинитивно ќе донесат одредена конкуренција која на крајот ќе им позитивни ефекти на сите корисници.

Како што би се очекувало од Amazon, телевизорите се посебно направени да функционираат со Alexa, па корисниците ќе можат скоро се да прават со помош на гласовни команди.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Amazon
Претходна статијаMicrosoft започна со рекламирање на Windows 11
Следна статијаФиналната верзија од Android 12 се очекува да биде пуштена на 4ти октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.