До пуштањето на првата финална верзија од Windows 11 остануваат уште нешто помалку од месец дена. Новиот Windows корисниците ќе можат да почнат да го инсталираат почнувајќи од 5ти октомври, иако повеќето кои не се веднаш заинтересирани за надградбата ќе го добијат дури идната година.

Microsoft ја објави првата реклама за Windows 11, што го означува приближувањето на времето кога корисниците ќе можат да почнат да купуваат и нови уреди со овој оперативен систем.

Рекламата, барем оваа, не прикажува нешто многу од новините кои ги донесува Windows 11, па може да се каже дека е повеќе направена да го насочи вниманието кон големиот број на статии каде може да се прочита повеќе.

Тоа што може да се види во рекламата е новото Старт мени, како и интеграцијата на Microsoft Teams директно во таскбарот, а посветено е и посебно внимание на можностите за гејминг.

Microsoft оваа недела објави и објаснување за подобрувањата кои ги донесува Windows 11, а не се поврзани со корисничкиот интерфејс. Кратко кажано, Windows 11 донесува подобрување на перформансите во споредба со Windows 10, па корисниците треба да очекуваат и побрзо искуство на истиот компјутер со истите апликации.

Претходна статијаПознатата серија „Seinfeld“ доаѓа на Netflix
Следна статијаAmazon ги претстави своите први телевизори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.