Microsoft ја објави датата кога Windows 11 официјално ќе им стане достапен на корисниците. Датата е 5ти октомври, а од оваа дата корисниците кои имаат компатибилни компјутери можат да очекуваат да им стане достапна бесплатната надградба.

Пуштањето на надградбата нема да биде веднаш за сите, а како што е веќе неколку години случајот и со Windows 10, изборот на корисниците се прави со помош на машинско учење при процесот на надградба.

За разлика од Windows 10, новиот Windows 11 нема да им биде достапен на сите корисници, односно како што е познато, Windows 11 ќе бара процесор со TPM 2.0 модул за да може да се добие надградбата.

Од Microsoft најавуваат дека поради тоа што процесот на надградба ќе оди постепено, на повеќето корисници Windows 11 ќе им биде понуден како надградба до средината на идната година.

Во меѓувреме, тие што имаат компатибилен компјутер и сакаат порано да го добијат новиот Windows, ќе мора самите да проверат за достапноста преку Windows Update. Обично Microsoft ја пушта порано новата верзија за корисниците кои самите го покренуваат процесот на надградба.

Доколку и тогаш не е достапен Windows 11, корисниците ќе имаат можност надградбата да ја инсталираат преку посебната алатка достапна на страната од Microsoft.

Во објавата со најавата за достапноста на Windows 11, Microsoft објави и дека достапноста на Android апликации, една од поголемите новини, нема да биде пуштена од 5ти октомври, односно истата ќе почне да се тестира во месеците што следат.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаМакедонија се мачи да влезе во ЕУ: Што значи тоа за пазарот за електронски комуникации
Следна статијаРСБСП со апел: Децата тргнаа на училиште, возачи намалете ја брзината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.