Една од главните карактеристики на Netflix е сопствената продукција која донесува поголем број на нови филмови и серии во текот на годината. Сепак, посебно внимание привлекува додавањето на постари филмови и серии кои биле едни од најпознатите пред повеќе години.

Корисниците на Netflix ќе можат да гледаат една таква серија, почнувајќи од 1ви октомври. Се работи за една од најпознатите серии која почна да се прикажува во 1989 година и се прикажуваше во наредните 9 години.

Seinfeld ќе биде достапна со сите свои 180 епизоди од првиот ден на додавањето на Netflix, па сите корисници можат да почнат да ја гледаат.

Серијата е креирана од познатите Лери Дејвид и Џери Сајнфелд, кои е и главниот лик во серијата. Оригинално се има прикажувано на NBC од 5ти јули 1989, а последната епизода е прикажана на 14ти мај 1998 година.

Претходна статијаSamsung и уметникот Мајкл Марфи нудат револуционерно искуство за сите сетила, нова перспектива на визуелната забава благодарение на неверојатно тенкиот Neo QLED телевизор
Следна статијаMicrosoft започна со рекламирање на Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.