Од претставувањето на Windows 11, кој треба официјално да стане достапен за сите корисници од 5ти октомври, вниманието е повеќе насочено кон промените во корисничкиот интерфејс, односно изгледот на Windows, како и новите функции. Скоро воопшто не се говори за дали има и какви се промените кои се поврзани со перформансите, па сега од компанијата го насочија вниманието и кон тој дел од новините кои ги донесува Windows 11.

Во видео насочено токму кон овој дел од Windows 11 се дознава дека оперативниот систем ќе работи доста побрзо благодарение на неколку промени и новини кои се воведуваат. Една од тие новини е приоретизирање на процесите од апликациите кои се користат во моментот, без разлика колку ресурси се веќе искористени од други процеси.

Од компанијата исто така ја истакнуваат и предноста од користење на Sleeping Tabs во Microsoft Edge, нешто што придонесува до заштеда на меморијата, како и процесорската моќ.

Windows 11 добива и нов систем кој овозможува многу побрзо вклучување од „sleep“ режимот, односно кога компјутерот не е исклучен. Ова придонесува до многу поголема сличност во начинот на кој Windows 11 функционира со мобилните телефони за кои гледаме колку брзо успеваат да почнат со работа кога ќе бидат отклучени.

Во видеото се говори и за подобрувања во процесот на ажурирање на Windows 11, безбедноста и слично.

Целото видео можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаСЕММ бара професионално известување од медиумите и транспарентност од институциите за несреќата во Тетово
Следна статијаGoogle ја прикажа првата реклама за своите Pixel 6 телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.