На само неколку недели, претпоставуваме, до официјалното претставување на новата генерација од Google Pixel уредите, од компанијата објавија кратко видео, поточно реклама. Ова е прво видео во кое се гледаат вистинските уреди, наместо само како досега, рендери.

Нешто повеќе за Pixel 6 и не може да се дознае од видеото, а главната порака која Google ја праќа е „Што ако смартфоните не се само паметни. Што ако вашиот телефон ве гледа за тоа што сте?“.  

Од ова не може многу да се заклучи, освен тоа дека Google не потсеќа дека се ближи претставувањето на нивните нови телефони.

За разлика од минатата година, Pixel 6 ќе бидат вистински предводници во класата, односно нема да имаат нешто послаби карактеристики во споредба со конкуренцијата, како што беше случајот со Pixel 5.

Покрај тоа, Pixel 6 ќе бидат првите уреди кои ќе работат на подолго време најауваниот чип развиен од компанијата наречен Google Tensor.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаWindows 11 донесува подобрување на перформансите, не само подобар кориснички интерфејс
Следна статијаОбјавен првиот официјален трејлер од The Matrix Resurrections
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.