Google оваа недела стави крај на шпекулациите поврзани со новите Pixel 6 уреди, како и со тие кои најавуваа дека од компанијата развиваат сопствен чип и дека веќе нема да ги користат чиповите од Qualcomm.

Иако повеќето информации ќе бидат објавени во есен, кога ќе бидат претставени официјално новите Pixel 6 уреди, Google ги потврди новите телефони, покажа како ќе изгледаат, а го најави и нивниот чип Google Tensor.

Google Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе бидат новите телефони кои ќе ги претстави Google оваа есен, а тие изгледаат исто како што можеше да се види на неколку неофицијални слики објавени изминатите месеци.

Тоа што сега може да се види од објавата на Google е изгледот на уредите од задната страна кои ќе дојдат со лента за камерите, нешто што е различно од сите конкуренти на пазарот. Од компанијата истакнуваат дека сензорите и леќите, кои се подобрени, се доволно големи да не може да ги собере во стандардниот модул кој се користи, па сега истите ќе бидат поставени во лентата која е хоризонтална и е од едниот до другиот крај на уредот.

Од Google исто така ги најавуваат боите кај Pixel 6 и Pixel 6 Pro кои зависно од моделот ќе ги има во повеќе нијанси зависно од позицијата, а го истакна и Material You дизајнот кој е најавен со Android 12.

Главната најава може да се каже дека е Google Tensor чипот кој тие самите го имаат развиено и овој пат Pixel телефоните нема да користат чип од Qualcomm. За време на неофицијалните најави дека од компанијата сами ќе развиваат чип, беше најавено и дека тој ќе биде развиен во соработка со Samsung, меѓутоа сега Google на спомена такво нешто.

Google Tensor ќе биде чип кој ќе им овозможи на Pixel телефоните подобра работа на вештачката интелигенција и машинското учење, нешто што за Google е доста важно. Ова ќе придонесе до големо подобрување кај сликите по кои веќе се познати Pixel телефоните.

Камерите ќе добијат и хардверско подобрување за разлика од ланските модели, па овој пат Pixel ќе има две, односно три камери кај Pro моделот.

Претставувањето на Pixel 6 и Pixel 6 Pro се очекува за некаде во октомври, а оваа година Google дефинитивно ќе даде добра алтернатива на достапните модели, а посебно на iPhone чија нова генерација се очекува во септември.  

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаНајголемиот издавач на учебници во САД претстави сервис за дигитални учебници
Следна статијаXiaomi го презема првото место на европскиот пазар за првпат во втората четвртина од годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.