После преземањето на второто место во светот и тргајќи го Apple на третото, Xiaomi сега успеа да го тргне Samsung од првото место на европскиот пазар. Телефоните од овој кинески производител се имаат продадено во количина од 12,7 милиони уреди, со што пазарниот удел на Xiaomi изнесува 25,3%.

Овие информации се од анализите на компанијата Strategy Analytics кои истакнуваат дека Xiaomi го има искористено падот на продажбите на Huawei и одлично се продава во Русија, Украина, Шпанија и Италија, меѓу другите.

Според статистиката, Samsung на второто место има продадено 12 милиони уреди, со што има пазарен удел од 24%, додека Apple со 9,6 милиони продадени уреди го држи третото место со пазарен удел од 19,2%.

Исто како што е случајот и на светско ниво, наредните две места им припаѓаат на Oppo и Realme, кои сепак имаат помал удел на пазарот.

Фото: Strategy Analytics

Xiaomi доколку се спореди со истиот период минатата година, има раст на продажбата од 67,1%, додека Samsung има пад од 7% за истиот период. Apple исто така има раст на продажбата, од 15,7%, но тоа сепак не е доволно за да остане на повисоките две места.

Интересен е растот на продажбата на Oppo и Realme од 180%, односно 1800%, што директно може да се земе како показател дека се пополнува местото кое го остава Huawei кои поради блокадата од САД не можат да ги продаваат своите уреди со Google сервисите и апликациите, а тука е и проблемот со чиповите.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаGoogle ги потврди Pixel 6 и Pixel 6 Pro и најави дека ќе работат на првиот од компанијата развиен чип
Следна статијаWindows 96 е веб апликација која ви овозможува користење на оперативен систем сличен на стариот Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.