Windows96.net е веб страна која кога ќе ја отворите пред вас ќе се отвори целосно функционален Windows која наликува на оперативниот систем од деведесеттите. Сепак, името на системот е Windows 96, кој секако никогаш не постоеше, па ова е и намерно така направено за да нема забуна и да не се мисли дека се работи за вистински оперативен систем кој функционира преку „облакот“.

Во основа се работи за веб апликација која е направена со JavaScript, програмски јазик кој во денешно време може да се каже дека е главниот и најмногу користен кога се во прашање веб страните и сите нивни функционалности.

Сепак, користењето на Windows 96 воопшто не личи како на веб апликација, па сигурно ќе помислите дека користите целосен оперативен. Изгледот е направен исто како кај Windows 95/98, а тука е и старото Старт мени.

Интересно, во Windows 96 е достапен „Package Manager“, нешто како на Linux за инсталирање на апликации, па преку него може да се инсталираат и неколку игри, како на пример Doom, а може да се инсталира и Windows 95.

ИЗВОРPC Gamer
Претходна статијаXiaomi го презема првото место на европскиот пазар за првпат во втората четвртина од годината
Следна статијаWindows 365 официјално започна со работа со почетна цена од 20 долари за еден корисник
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.