Минатиот месец Microsoft го претстави својот долгоочекуван и неофицијално најавуван сервис кој овозможува пристап до виртуелен компјутер со инсталиран Windows 10 или Windows 11 кога ќе стане достапен.

Иако од компанијата веќе нудат нешто слично, Windows 365, како што се вика новиот сервис, оваа можност ја нуди на поедноставен начин и е замислен за ова време кога компаниите имаат многу вработени кои работат од дома.

Во основа, Windows 365 им овозможува на компаниите да изберат конфигурација на компјутер по што на своите вработени ќе им овозможат пристап до него од било која локација, преку веб прелистувач од било кој уред.

Овој начин овозможува многу поедноставно пристапување до корпоративната мрежа, без потреба од издавање на службени лаптоп или други компјутери.

Сервисот, како што беше најавено, почна официјално со работа од 2ри август, па сега се достапни и цените, заедно со конфигурациите.

Основниот пакет кој Microsoft го промовира вклучува 2 виртуелни процесори, 4GB RAM, како и 128GB простор за податоци. Овој пакет чини 31 долар месечно за еден корисник. Најниската цена која корисник може да ја плати е 20 долари месечно за еден корисник, со конфигурација која вклучува 1 виртуелен процесор, 2GB RAM, 64GB простор за податоци и лиценца од друг компјутер за Windows 10. Без лиценцата за Windows 10, овој пакет чини 24 долари месечно.

Microsoft овозможува попуст за корисниците кои веќе имаат соодветна лиценца за Windows.

По пуштањето на сервисот, за само еден ден од компанијата веќе го ставија на пауза бесплатниот тест период, поради како што истакнуваат, голема побарувачка и постигнување на максимумот од капацитетите. По обезбедување на дополнителни ресурси, можноста за бесплатно тестирање ќе биде повторно овозможена.

Претходна статијаWindows 96 е веб апликација која ви овозможува користење на оперативен систем сличен на стариот Windows
Следна статијаOppo претстави нова генерација од технологијата за камера под екранот која можеби конечно ќе ја видиме достапна кај смартфоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.