Pearson, еден од најголемите издавачи на учебници за универзитетите во САД, го претстави својот сервис Pearson+. Со овој сервис, сите учебници кои се дел од овој издавач, ќе им бидат достапни на студентите во дигитална форма.

Студентите кои во своите универзитети работат со овој издавач, а во иднина и сите во светот, ќе можат да се претплатат преку месечен модел и да добијат пристап до еден учебник за 9,99 долари или до сите учебници за 14,99 долари месечно.

Pearson на студентите ќе им овозможи повеќе од 1.500 учебници, а како дел од пристапот ќе бидат и додатни алатки, белешки и слично.

Достапноста на еден ваков сервис треба да ги намали трошоците на студентите кои плаќаат и повеќе стотици долари по семестар за потребните учебници, иако дел од нив истите ги купуваат на старо и потоа ги продаваат.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаБил и Мелинда Гејтс ја завршија постапката за развод
Следна статијаGoogle ги потврди Pixel 6 и Pixel 6 Pro и најави дека ќе работат на првиот од компанијата развиен чип
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.