Shutterstock.com

Со поднесувањето на потребните документи до King County, Washington во текот на вчерашниот ден, разводот помеѓу Бил и Мелинда Френч Гејтс кој беше најавен во мај оваа година, официјално е завршен.

Бил и Мелинда Гејтс беа во брак 27 години, односно се земаа во 1994 година во Хаваи. Тие се имаат запознаено во Microsoft, каде што Гејтс е основач и во тоа време директор на компанијата.

Причините за разводот остануваат до некаде тајни, а изминатите месеци излегоа повеќе обвинувања насочени кон Бил Гејтс и неговиот однос кон други колешки во Microsoft и фондацијата, како и неговото пријателство со осудениот Џефри Епстин.

Изјавата која беше дадена за време на објавата на информацијата за одлуката за развод, истакна дека тие веќе не можеле да се надоградуваат како пар, што секако не кажува ништо за вистинските причини.

Богатството на Бил и Мелинда Гејтс се проценува на повеќе од 130 милијарди долари, а нема информации за тоа дали и каква поделба би имало. Како и да е, се очекува дека Мелинда Гејтс, која ќе го задржи своето презиме, ќе биде една од најбогатите жени во светот.

Во текот на минатиот месец, Bill & Mellinda Gates Foundation објави дека двајцата имаат постигнато договор да продолжат да работат во фондацијата во наредните две години, по што ќе можат да одлучат да ја престанат соработката доколку сметаат дека веќе не е можна.

ИЗВОРThe Daily Beast
Претходна статијаФранцуски Orange ќе ја промовира 5G опремата на Huawei во Африка
Следна статијаНајголемиот издавач на учебници во САД претстави сервис за дигитални учебници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.