Фото: Shutterstock.com

Во мај оваа година, Бил и Мелинда Гејтс најавија дека имаат одлучено да се разведат, во за повеќето изненадувачка вест. Во најавата тие истакнаа дека ќе продолжат да ја водат нивната Bill & Melinda Gates Foundation која работи на борба со сиромаштијата, болести и нееднаквост во САД и остатокот на светот. За таа цел оваа фондација има добиено повеќе од 55 милијарди долари од Бил и Мелинда Гејтс, а тие сега најавија дека ќе овозможат нови 15 милијарди за продолжување на работата.

Сепак, од фондацијата најавија дека Бил и Мелинда Гејтс имаат постигнато договор, како дел од постапката за развод, според кој Мелинда ќе си даде оставка од својата позиција во фондацијата доколку во наредните две години тие заклучат дека не можат да работат заедно.

Доколку дојде до таква одлука за две години, Мелинда ќе добие одредени ресурси од Бил Гетјс за нејзината работа.

Оваа одлука не доаѓа како изненадување и може да се каже дека е очекувана. Единствено што не е јасно е рокот од две години, но тоа сигурно е нешто кое е дел од нивните преговори за развод и поделба на имотот.

ИЗВОРhttps://www.techspot.com/news/90341-melinda-french-gates-resign-two-years-if-bill.html?utm_source=pocket_mylist
Претходна статија„Лице в лице“ повикува: Време е за одговорно патувачко искуство
Следна статијаРеновирана и модернизирана бензинската станица на Макпетрол на влезот во градот Неготино
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.