Иако има уште доста време додека Google ги претстави новите Pixel уреди, почнаа да се појавуваат првите неофицијални слики и информации. Од тоа што може да се види, Google изгледа планира одредени промени за оваа година кои ќе го донесат Pixel во конкуренција со најдобрите на пазарот.

Како прво, оваа година изгледа Pixel ќе има два модели, како што беше случајот и порано, а наместо XL, Google се има одлучено за повеќе стандардниот додаток Pro за поголемиот модел. Според информациите, двата модели ќе се разликуваат во повеќе од само големината, па Pixel 6 Pro ќе биде наменет за корисниците кои го разгледуваат обично Galaxy S Ultra или + моделот.

Првите слики и информации се поврзани со Pixel 6 Pro моделот и од тоа што може да се види, Google оваа година ќе има многу посериозен конкурент на пазарот. Сликите доаѓаат од познатиот OnLeaks, па доколку се земе досегашното искуство во предвид, можеме да ги сметаме како прилично точни.

Pixel 6 Pro ќе дојде со нов дизајн кој ќе го издвои од конкурентите. На задната страна камерите, кои за првпат треба да бидат три, ќе бидат поставени во „хоризонтален“ модул над кого ќе има различна боја од останатиот дел.

На предната страна камерата ќе биде поставена во мала дупка на средината од горниот дел, нешто што според нас е најдобро решение додека камерите на почнат да се поставуваат под екранот.

Големината на екранот, кој ќе биде AMOLED и заоблен на страните, ќе биде 6,67 инчи, но нема најави дека ќе има поголема стапка на освежување, од 120 херци, на пример. Доколку Google се одлучи да Pixel 6 Pro дојде со стапка од 60 херци, ќе направи голем пропуст поради кој многу корисници сигурно нема да се одлучат за купување.

Исто така за првпат, се најавува дека Pixel 6 Pro ќе дојде со сензор за отпечатоци под екранот, нешто што е очекувано по откажување на сензорите кои Google ги користеше на предната страна, односно нивната верзија од Face ID на Apple.

Иако еден од моделите минатата година Google го претстави порано, сепак оваа година се очекува дека новите Pixel уреди може да се очекуваат во октомври, кога стандардно ќе стане и официјално достапен Android 12.

Од тоа што може да се види, се очекува дека барем Pixel 6 Pro моделот дојде со повисока цена од таа што би ја очекувале за Pixel уред.

ИЗВОРAndroid Authority
ИЗВОР 2DiGit
Претходна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Што значат бројките на маслото за мотор
Следна статијаWizz Air лансира нов електронски систем за планирање на летови кој ќе ги замени печатените материјали во кокпитот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.