Wizz Air

Скопје, 26 Mај 2021: Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, денеска го најави лансирањето на нејзината нова “Electronic Flight Bag (EFB)” – електронски систем за планирање на летови, техничко решение кое ќе ги замени сите печатени правилници и материјали во авионот за пилотите со iPads. Новиот систем ќе ја зголеми ефикасноста во сите аспекти на планирање на летот. Се надоврзува нa широките обврски за одржливост на авиокомпанијата со значително намалување на употребата на хартија и потрошувачката на гориво.

Според новиот EFB систем, секој пилот на Wizz Air ќе добие iPad. Уредите ќе бидат опремени со релевантни документи, графикони и апликации за перформанси потребни за да се подготви летот. Тој ќе нуди информации во реално време и ревизии на брифинзите за мисијата во текот на целото патување.

Промената на користење на новиот систем позитивно ќе влијае на залагањето на Wizz Air за намалување на нејзиниот еколошки отпечаток, во согласност со нејзината цел да ги намали натамошните емисии на јаглерод. Новиот систем не само што ќе заштеди околу шест милиони листови хартија годишно, што е еквивалентно на заштеда на над шестотини дрвја, туку исто така ќе ја намали потрошувачката на гориво преку попрецизно планирање на летот и заштеда на тежина.

Можноста за повторно да се пресметаат плановите за летање пред секој лет и оптимизацијата во текот на летот ќе заштедат над 4500 тони гориво годишно, со што ќе се намалат емисиите на стакленички гасови за повеќе од 14 000 тони. Оваа тежина во превод е еднаква на 180.000 патници од 80-килограми годишно, што е иста како и тежината на 750 авиони A321neo со полни 239 седишта.

Wizz Air ќе понуди и е-тренинг за пилотите за да обезбеди непречена транзиција кон новиот систем. Се очекува до крајот на годината системот да биде пуштен во употреба и да се отстрани целата хартија од кокпитот.

Gerben Bondt, капетан за обука, архитект на системот EFB, Wizz Air, изјави: “Во Wizz Air ние се трудиме да бидеме најзелената авиокомпанија по избор и работиме напорно за континуирано намалување на нашите еколошки стапки. Воведувањето на овој нов EFB е важен чекор за намалување на нашите емисии на јаглерод, бидејќи без хартија во кокпитот придонесува до значително помалку печатење, што пак ќе доведе до заштеда на тежина, намалување на согорувањето на горивото и помали емисии. Не само ова, намалените трошоци од користење на EFB се надоврзуваат на ветувањето на Wizz Air дека ќе понуди најниски цени во индустријата и е уште еден показател на нашата посветеност за оптимизирање на работењето.

Претходна статијаPixel 6 од Google оваа година ќе биде вистински „флегшип“ уред со целосен редизајн и нови карактеристики
Следна статијаAmazon ја купи познатата филмска компанија Metro Goldwyn Mayer