Фото: Shutterstock.com

По неофицијални најави дека постојат преговори помеѓу двете компании, Amazon и MGM најавија дека имаат постигнато договор за купување на MGM од страна на Amazon. Вредноста на договорот изнесува 8,45 милијарди долари, што е во рамките на најавеното од претходните информации.

Со оваа зделка, Amazon ќе може многу посериозно да настапи на пазарот каде веќе се присутни со нивниот Amazon Prime видео стриминг сервис, а исто така корисниците ќе може да очекуваат многу повеќе оригинална содржина од сервисот. MGM ќе треба да ја надополни работата на веќе постојниот дел во Amazon, Amazon Studios, а корисниците ќе може да очекуваат продолжување на работата на оваа позната компанија.

Иако очекуваме дека не е потребно потсетување, MGM е филмската компанија зад чие име стојат едни од најпознатите филмови како што се James Bond филмовите, Rocky, Robocop, Stargate, The Adams Family, Legally Blond, Poltergeist, Silence of the Lambs, Tomb Raider и многу повеќе како дел од 4000 наслови и повеќе од 17.000 епизоди од серии.

Од Amazon истакнуваат дека тие ќе го зачуваат наследството на MGM и каталогот со филмови и ќе им овозможат на своите корисници поголем пристап до содржината од оваа компанија. Исто така, од Amazon најавуваат дека ќе им овозможат на MGM да продолжат со тоа што тие го прават најдобро.

ИЗВОРAmazon
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаWizz Air лансира нов електронски систем за планирање на летови кој ќе ги замени печатените материјали во кокпитот
Следна статијаMicrosoft пушти посебна надградба со која на корисниците им се активира News and interests функцијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.