Фото: Shutterstock.com

Познатата филмска компанија MGM – Metro Goldwyn Mayer според неофицијални информации е во преговори за купување од страна на Amazon. Според информациите, сумата која се преговара е од 7 до 10 милијарди долари, а се верува дека договорот би бил 9 милијарди долари.

Заинтересираноста на Amazon за MGM е очекувана и истата би ја зголемила конкурентноста на Amazon Prime Video сервисот на пазар каде се почесто конкуренцијата настапува со сопствена оригинална содржина. Amazon веќе нуди оригинална содржина, но додавањето на име како MGM сигурно ќе ја зголеми сериозноста на понудата повеќе пати.

MGM се заслужни за едни од најголемите филмски наслови како James Bond филмовите, Rocky, Robocop, Stargate, The Adams Family и многу повеќе.

Дека постојат вакви разговори помеѓу двете компании објавуваат The Information и Variety. Разговорите уште не се официјални, но досегашното искуство покажува дека кога има доволно вакви информации, нешто дефинитивно се случува. Сепак, разговорите може да не поминат со договор, па целата работа да остане само на шпекулации.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаКина е втората земја која успешно слета на површината на Марс
Следна статијаMicrosoft Teams официјално достапен за приватните корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.