Во петокот роверот Zhurong се одвои од Tianwen1 леталото и успешно слета на површината на Марс. Со тоа, Кина стана втората земја која успешно слетува на површината на црвената планета.

Tianwen1 тргна кон Марс минатата година и стигна во неговата орбита во Февруари оваа година. Близината на планетата до Земјата направи да овие неколку месеци бидат насочени повеќето истражувања кои ја имаат како цел оваа планета.

Кинескиот ровер, по неколку месечно барање на погодно место, слета на познатата локација Utopia Planitia, место кое не ретко се споменува во филмовите и на кое слета ровер од NASA во 1976 година.

Мисијата на Zhurong ќе биде слична со таа на новиот ровер од NASA, Perseverance, односно истражување за можни знаци за живот на планетата кој се верува дека е можно да постоел во микроскопска форма кога се верува дека имало и вода на планетата. Локациите кои се избираат се локации кои порано требало да имаат вода, а Utopia Planitia е доволно голем кратер за кој се верува дека порано бил океан.

Сепак, не треба да се прави голема споредба помеѓу двата од трите моментално присутни на Марс ровери кои се активни. Роверот Perseverance е со тежина од еден тон, работи на нуклеарна енергија и има 23 камери и додатни алатки. Роверот на Кина во споредба тежи 240 килограми и се напојува преку сончеви панели, а на него има 13 инструменти.

Овој ровер од Кина може да се каже дека има поголемо значење за Кина како земја и нивната вселенска програма, односно докажување на способноста, а помалку во собирањето на истите примероци од Марс со NASA.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2MIT Technology Review
Претходна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот #19
Следна статијаAmazon во преговори за купување на познатата филмска компанија MGM за 9 милијарди долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.