Познатата компанија Metro Goldwyn Mayer, односно MGM, после околу 100 години користење на вистински лав во нивното лого, го замени со компјутерски генерирана анимација. Повеќето најверојатно нема ни да ја забележат разликата, посебно доколку не беше веста за промената.

Остатокот од логото останува непроменето, односно тука е филмската лента која е поставена околу анимацијата од лавот. Мала промена е направена во мотото, кое сега прво се прикажува на англиски, по што се поставува во стандардната латинска форма.

Во продолжение можете да го погледнете и ова интересно видео за како изгледало логото на MGM низ годините, кога на почетокот лавот и нема пуштано звуци.

ИЗВОРCnet
Претходна статија„Синами“: Нова приказна во македонскиот ИТ ќе го освојува светскиот пазар
Следна статијаMicrosoft ќе го унифицира кодот на Edge за сите платформи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.