Microsoft официјално ја најави новата News and Interests функција минатиот месец, Дотогаш достапна само за ограничен број на корисници во Windows Insider програмата, се најави дека наскоро ќе им биде достапна на сите корисници, иако тоа беше малку нејасно објаснето.

Сега од компанијата пуштија додатна надградба со која оваа функција им се активира на сите корисници кои ќе ја инсталираат, со што може да се каже дека е започнато со официјалното пуштање на News and Interests за сите корисници.

Како што практикува Microsoft изминатите година дена, оваа надградба е пуштена како „optional“ за корисниците кои сакаат нешто порано да ја инсталираат, додека се очекува дека на сите ќе им биде пуштена идниот месец, односно за време на „patch Tuesday“ редовната надградба.

News and Interests е достапна на сите поддржани верзии од Windows 10, односно ќе ја добијат, а „опционалната“ надградба може да ја инсталираат, корисниците на Windows 10 2004, па се до најновата Windows 10 21H1.

Оваа нова функција е мала и едноставна, но корисна. Истата додава на десната страна од „таскбарот“, поточно во делот лево од часовникот и иконите, временска прогноза која може да ја покажува само иконата или температурата и краток опис.

Со притискањето на овој дел, се прикажуваат повеќе информации, покрај за временската прогноза и за вестите поврзани со вашите интереси кои ги бирате, а се прикажуваат и финансиски информации, како и спорт. Што ќе се прикажува може да се избере посебно, заедно со бирањето на интересите.

По инсталирањето на надградбата, News and Interests ќе биде автоматски вклучена, а може да се исклучи или прилагоди со притискање со десното копче врз иконата или било кој дел од таскбарот.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаAmazon ја купи познатата филмска компанија Metro Goldwyn Mayer
Следна статијаЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД: Пораз за демократијата во Советот на Град Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.