Како што се очекуваше, а и според името објавено при крајот на минатиот месец, Microsoft ја пушти мајската надградба за Windows 10, односно May 2021 Update. Оваа верзија од Windows 10 ја носи бројката 21H1, а корисниците веќе можат да ја инсталираат доколку сакаат.

За тие кои се на Windows 10 20H2, оваа надградба ќе биде мала и брза, односно ќе се инсталира како и редовните месечни „cumulative“ надградби. Тоа е така поради тоа што истата не донесува многу новини, а тие оваа година се планирани за 21H2, односно за во есен кога Windows 10 треба да добие поголемо освежување.

Со Windows 10 May 2021 надградбата, Microsoft официјално го трга стариот Edge прелистувач и го инсталира новиот кој е направен на основа на Chromium кодот и за разлика од претходниот, вреди да се користи.

Што се однесува до останатите новини, Windows 10 21H1 ги нема многу, па тие во главно може да се сумираат во можноста за користење на повеќе камери за Windows Hello, подобрување кај Windows Defender Application Guard и одредено подобрување на перформансите генерално и исправка на грешки.

Како и обично, Microsoft ги пушта надградбите постепено, што значи дека доколку самите не проверите преку Settings > Update & Security > Windows Update, ќе помине време додека новата верзија ви биде понудена.

Исто така, новата верзија може да се инсталира и преку оваа страна од Microsoft која нуди директна надградба, како и симнување на алатката за надградба.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаИзбрани победниците на првиот виртуелен хакатон “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” во организација на АЕТМ
Следна статијаGoogle официјално го претстави Android 12 со Material You редизајнот кој е најголем досега
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.