Првата надградба за оваа година за Windows 10, која овој пат ќе биде помалата од двете, Microsoft ја најави во февруари. Верзијата 21H1 сега го доби и своето официјално име, кое е во стандардниот начин на именување од изминатите години, Windows 10 May 2021 Update.

Како што може да се види и од самото име, а такви беа и најавите, Windows 10 May 2021 Update ќе стане официјално достапна за корисниците од идниот месец, а се верува дека тоа ќе се случи за време на „patch Tuesday“. Со оглед дека се работи за помала надградба, корисниците нема да треба да чекаат подолг процес на ажурирање, односно тој ќе биде ист како и кумулативните месечни надградба кои ги пушта Microsoft во вторник.

Оваа верзија веќе подолго време им е достапна на корисниците на Beta каналот од Windows Insider програмата, а исто така одреден период може да се инсталира и преку Release Preview каналот.

Тие што не сакаат да го чекаат официјалното пуштање на надградбата, како и секоја година им се препорачува да ја инсталираат преку Release Preview каналот од Insider програмата, а сега кога верзијата е одредена, тоа може слободно да го направат.

Од Microsoft истакнаа дека финалната верзија е веќе одредена и таа ќе биде 19043.928. Корисниците кои ќе ја инсталираат порано верзијата ќе бидат на нешто понова, но во месеците што следат сите ќе бидат ажурирани на истата најнова верзија.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаGoogle Messages доби One UI редизајн кај новите Samsung Galaxy S21 телефони
Следна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Возете паметно и заштедете повеќе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.