Нагло забрзување, често менување ленти и остро запирање, па повторно забрзување, според пресметките на американското Министерство за енергија може да ја зголеми потрошувачката на гориво и за 33 проценти. Со мирно возење помалку ги трошите гумите, моторот и сопирачките и можете да поминете повеќе километри со еден резервоар.

Не заборавајте да го одржувате возилото. Игнорирањето на малите работи и сигнали, може да доведе до поголеми и поскапи проблеми на долг рок. Редовно сервисирање ќе ви заштеди и пари и нервози, во случај на несакан дефект на отворен пат.

Секако дека не може сами да го поправате автомобилот, но можете многу да заштедите со навремено реагирање, ако ги следите првичните сигнали – како некои звуци од моторот или чкрипење при кочење. Слушајте ги сигналите од возилото и истражете на интернет, што може да е причина за тоа, можеби ќе успеете нешто и сами да решите.

Работи што можете лесно сами да ги направите се проверка и замена на прегорени светилки, проверка на притисокот и истрошеноста на пневматиците, проверка на течностите во моторот или некое истекување под него, како и замена на истрошени бришачи, акумулатор или филтри.

Претходна статијаMicrosoft ја најави Windows 10 May 2021 надградбата
Следна статијаДали Летонија може да стане 5G воен тест центар на НАТО?

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.