Советниците од владејачката коалиција ги отфрлија барањата на советничката Драгана Велковска, додека советниците од ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани. Образложението е дека на тие предлози “веќе се работи”, иако не се на повидок субвенции за стерилизација на милениците, ниту се подобрува пристапот на улиците за хендикепираните лица, а напуштената фабрика Купрум продолжува да пропаѓа, иако со години постои проект за нејзина трансформација во прв студентски град.

Трите одбиени предлози остануваат на агендата на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, а коалицијата ќе продолжи да работи на нивна реализација преку други канали. Меѓутоа, со денешната демонстрација на моќ, уште еднаш беше потврден недостатокот од демократски капацитет на партиско-политичката класа како главна причина за урбаната декаденција на Скопје низ годините. Повеќе од илјада гласови за само десет дена на МојГрад укажуваат дека скопјани очајно имаат потреба за поинакви градски политики, но градските власти сметаат дека знаат повеќе од обичните граѓани што е добро за нив. Наместо да го спроведат тоа за што заедницата се изјаснила дека и е потребно, тие како и секогаш наоѓаат бирократски изговори за нивната пасивност.

Вчерашната одлука на Советот е пораз за демократијата. Кога властите го игнорираат народот, единствениот начин да се допре до нив е поголема масовност во гласањето на предлозите и поквалитетна дебата за изнаоѓање на најдобрите решенија. Платформата МојГрад е создадена токму за оваа цел. Колку повеќе естаблишментот се спротивставува на принципите на колективно одлучување и граѓанска контрола, толку повеќе неговиот легитимитет еродира, и толку поблиску сме до вистинско владеење на обичниот човек кој нема задни намери, кој не е дел од пресметани коалиции, и за кој концептот „зелен“ не е манипулација и евтина флоскула, туку визија и реалност.

Претходна статијаMicrosoft пушти посебна надградба со која на корисниците им се активира News and interests функцијата
Следна статијаEвропскиот филмски предизвик заврши – победникот ќе патува на Канскиот Филмски Фестивал 2021