По додавањето на News and Interests во Beta и Release Preview каналите од Windows Insider, стана јасно дека оваа нова функција не се спрема за втората половина од оваа година, па корисниците ќе ја добијат и порано.

Сега Microsoft официјално ја најави како готова и најави дека корисниците можат да ја очекуваат во неделите што следат, додека целосното пуштање ќе потрае неколку месеци. Од ова може да се заклучи и дека наскоро може да се очекува надградбата на 21H1 на Windows 10.

News and Interests, за почеток се тестира во одредени земји, па се очекува дека ќе биде пуштена за сите кога и официјално ќе стане достапна за корисниците.

Интересно е што, како што беше најавено и претходно, оваа нова функција нема да биде пуштена само за најновата верзија од Windows 10, па ќе ја добијат сите корисници кои се на верзија од системот кој уште има поддршка, односно од 1909, па понова.

News and Interests како функција ќе може да се вклучува и исклучува преку таскбарот, а администраторите тоа можат да го прават и преку Group Policy.

До „tray“ иконите ќе биде додаден дел кој ќе ја покажува моменталната временска прогноза, а со поминување со глувчето врз тој дел ќе се појави целосниот News and Interests дел каде корисниците ќе можат да видат подетална временска прогноза, насловите од најновите вести и слични информации.

Притискањето на некоја од новостите ќе се отвора со Microsoft Edge, а исто така ќе можат да се прилагодуваат интересите на корисникот, односно какви вести сака да гледа. Притискањето на вестите, односно нивното лајкување или тргање, ќе влијае на што е тоа што ќе биде прикажано, а тоа ќе се прави преку машинско учење.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЗошто 5G може да им помогне на производителите да излезат од Ковид-кризата
Следна статијаIngenuity хеликоптерот го направи својот втор успешен лет на Марс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.