По првиот и историски лет на Ingenuity хеликоптерот на Марс на 19-ти овој месец, NASA вчера го направи и вториот успешен лет. Овој пат летот беше со нови предизвици, како што истакнуваат од агенцијата, со што и успехот е поголем.

За разлика од првиот лет, Ingenuity овој пат леташе до висина од 5 метри, што е за 2 метри повеќе. Исто така, наместо 40 секунди, вториот лет траеше 51,9 секунди, а вклучуваше и хоризонтално движење на хеликоптерот од 2 метри.

По завршувањето на движењето, Ingenuity се враќа назад на почетната позиција и успешно слетува.

При овој лет се користени и камерите во боја на Ingenuity, па овој пат може да се очекуваат и доста подобри слики од околината, а достапно е и видео направено од страна на Perseverance роверот кој е на оддалеченост од 64,3 метри.

Од NASA истакнуваат дека тие добиваат многу корисни информации кои ќе ги одредат мисиите во иднина и користењето на летала на Марс и други планети.

Предизвикот за летањето на Марс е поради тоа што планетата има 1/3 од гравитацијата на Земјата, но уште повеќе проблематично, густина на атмосферата од само 1% од таа на Земјата.

„Досега, инженерските информации кои ги добивме и анализиравме ни кажуваат дека летот ги има исполнето очекувањата и нашите претходни компјутерски моделирања биле точни. Имаме два лета „под нашите ремени“, што значи дека има уште многу да се научи за време на овој месец од Ingenuity“. – истакна Боб Баларам, главен инженер за Ingenuity Mars Helicopter во NASA Jet Propulsion Laboratory.

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2CNN
Претходна статијаMicrosoft официјално ја претстави News and Interests функцијата која ќе стане дел од таскбарот на Windows 10
Следна статијаКаратистите на Макпетрол успешно ги завршија и вториот дел од подготовките во Црна Гора
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.