Минатиот месец беше објавено официјалното име на четвртото продолжение од The Matrix, еден од најпознатите филмови. The Matrix Resurrections беше најавен за време на CinemaCon 2021, каде на одбраните присутни им била прикажана и снимка од филмот.

Сега филмот конечно го добива и својот прв официјален трејлер, а од тоа што можеше да се прочита од раскажувањата на присутните на CinemaCon 2021, се работи за истото видео, сега достапно за сите.

Како што уште тогаш пишувавме, четвртото продолжение ќе ги има двата главни карактери, Нео и Тринити, но во сега за сега нејасно одвиваање на настаните. Тие се повторно во „матрицата“, а на почетокот од трејлерот Нео, односно Томас во тој случај, разговара со психолот кој го глуми познатиот Нил Патрик Харис.

Трејлерот е одлично направен за да уште повеќе го привлече вниманието и го зголеми исчекувањето кај фановите.

Претходна статијаGoogle ја прикажа првата реклама за своите Pixel 6 телефони
Следна статијаFacebook ги претстави Ray-Ban Stories паметните очила
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.