Shutterstock.com

За четвртото продолжение од познатиот The Matrix знаеме уште од 2019 година кога филмот беше најавен дека ќе се прикажува во мај оваа година. Досега скоро ништо не се знаеше за филмот, кој сепак ќе се прикажува од 22ри декември, а тоа се промени од CinemaCon 2021.

На овој настан од Warner Bros. го објавија официјалното име на продолжението, а на присутните им прикажа и кратка снимка од филмот.

Името на четвртиот дел од The Matrix ќе биде Resurrections, односно The Matrix: Resurrections. Филмот ќе почне да се прикажува во кината од 22ри декември, како и на HBO MAX, што значи дека можно е да го има и кај нас преку HBO GO.

Од присутните на CinemaCon 2021 ги имаме и информациите за прикажаното видео кое за жал не е достапно онлајн.

Според видеото, Neo повторно се враќа во матрицата и се случуваат дел од работите како во првиот дел. Сцената започнала со тоа како Neo, односно Thomas разговара со психолог кој го глуми познатиот Нил Патрик Харис.

На снимката е потврдено и враќањето на ликот Тринити, а ќе има и неколку нови карактери кои ќе ги заменат тие кои нема да ги има од претходните делови на филмот.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаРСБСП со апел до мотоциклистите: Заради ваша безбедност – носете заштитна опрема
Следна статијаFacebook Messenger го слави својот 10ти роденден со неколку новини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.