Една од најпопуларните и најмногу користени апликации за разговори во светот, Messenger од Facebook, оваа недела полни 10 години на постоење. Од компанијата за оваа пригода донесоа неколку новини во апликацијата кои треба да го направат поинтересно нејзиното користење.

Една од новините е поврзана со можноста за правење на анкети во групните разговори. Оваа функција сега добива своја позабавна верзија наречена „Most Likely To“ и им овозможува на корисниците да поставуваат прашање како „кој има најмногу шанси да дава подароци на сопствениот роденден“ или „кој има најголеми шанси да си го пропушти летот“.

Секако, интересното анкетирање може да се направи и со сопствени прашања, а веднаш достапните се тука како еден вид на предлог од Facebook и покажување на целта на оваа нова функција.

Останатите новини се поврзани со нови позадини кај разговорите, „стикери“, ефекти кај изменетата реалност, најава на можноста „Word Effects“ и слично. Word Effects ќе овозможи да се појавуваат избраните ефекти со „емоџи“ иконите секогаш кога во пораката ќе се напише избраниот збор од страна на корисникот.

Facebook Messenger за својот 10ти роденден исто така добива нова можност за споделување на контактите, како и можност за префрлување на пари за роденден, но само за корисниците во САД.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаОбјавено официјалното име на четвртото продолжение од The Matrix
Следна статијаOnlyFans се премислија за најавената промена на нивната платформа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.