Иако не толку очигледно поставена, што прави да се заборави дали функцијата е уште достапна, Facebook Messenger има можност за шифрирани разговори уште од 2016 година. Овие разговори не се вклучени автоматски за секој разговор преку апликацијата, па корисниците треба да отидат на Secret Conversation делот достапен во секој разговори или да ја вклучат опцијата кога почнуваат нов разговор.

Овие шифрирани разговори се шифрирани со од-крај-до-крај енкрипција, што значи дека содржината на разговорите не може да ја види никој, дури ни Facebook, туку само тие кои се дел од разговорот.

Оваа заштита сега станува достапна не само за текстуални разговори, туку и за аудио и видео повици. Поточно, во Secret Conversation делот од некој разговор, корисниците сега имаат можност и да прават аудио и видео повици.

Овие разговори ќе бидат заштитени со истата од-крај-до-крај енкрипција, што значи дека и тие нема да можат да бидат пресретнати и прислушкувани.

Од Facebook најавуваат дека тестираат ваквата заштита да ја донесат и кај групните разговори, како и кај разговорите преку Instagram.

Една апликација од Facebook користи шифрирани разговори без можност за обични, а тоа е познатата WhatsApp за која сепак има одредени критики за приватноста.

ИЗВОРThe Hacker News
ИЗВОР 2Facebook
Претходна статијаApple патентира систем кој треба да ги известува корисниците ако имаат пукнатина на екранот од телефонот
Следна статијаHonor ја претстави Magic3 серијата – ќе дојде со Google апликации и ќе биде достапна на интернационалниот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.