Apple поднесе патент за интересна и корисна функција која би можеле да ја имаат идните модели од iPhone. Се работи за систем кој би откривал кога одреден дел од екранот има пукнатина, односно е оштетен, по што би го известувал корисникот за истото.

Раното откривање на пукнатините на екранот се важни за да не дојде до поголемо оштетување, нешто што сигурно би довело до период кога телефонот може да не се користи.

Според информациите во патентот, овој систем сепак е замислен за уреди со екран кој се превиткува, нешто што од Apple уште го немаат потврдено како нешто на кое работат и го планираат за иднина.

Ризикот од пукнатини секако е поголем кај овие уреди, па планирањето на еден ваков систем за „свитливите“ екраните сигурно би била доста корисна функција.

Може да се каже дека поголемо внимание кај овој патент привлекува споменувањето на уред со екран кој се превиткува, нешто што сигурно ќе биде повеќе популарно во иднина.

Samsung веќе ја претстави својата трета генерација од ваквите уреди, односно Galaxy Z Fold3, како и Galaxy Z Flip3.

Од тоа што можеше да се види, може слободно да се заклучи дека овие уреди полека стануваат вредни за купување.  

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаMicrosoft почна со редизајнот на нивните апликации во Windows 11
Следна статијаFacebook ја прошири достапноста на шифрирана комуникација и кај аудио и видео разговорите во Messenger
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.