Фото: Shutterstock.com

Познатата платформа OnlyFans, која иако се промовира како место за различни видови на содржина, а во главно е место за сексуална содржина, се откажа од најавената промена која требаше да го забрани овој вид на содржина на платформата.

Како главна причина за сега веќе откажаната промена беше проблем со партнерите од банките, а истото го потврди во интервјуа директорот на компанијата.

Сепак, од компанијата сега објавија дека „ги обезбедиле потребните осигурувања дека ќе продолжи поддршката на различните креатори“, па поради тоа ја откажуваат одлуката за промена на политиката од 1ви октомври.

Тоа значи дека досегашните креатори кои ја користеа оваа платформа за целосно сексуална содржина, тоа ќе можат да продолжува да го прават и понатаму.

Оваа ненадејна промена на одлуката не може да не се гледа и како можна ПР одлука на компанијата која иако беше доста позната во светот, сега доби огромна популарност.  

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаFacebook Messenger го слави својот 10ти роденден со неколку новини
Следна статијаSamsung може да ги блокира нивните телевизори кои се украдени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.