Фото: Shutterstock.com

OnlyFans е сервис кој изминатите неколку години стана популарен по својата сексуално експлицитна содржина. Сервисот работи на принцип на креирање на профили од страна на креаторите, по што за месечна претплата нивните „фанови“ можат да ги гледаат нивните приватни објави.

Иако сервисот е замислен да се користи за повеќе видови на содржина, сепак главната содржина стана таа од сексуален вид. Познати станаа повеќе девојки, а посебно за време на пандемијата, кои направија милиони долари преку OnlyFans, објавувајќи видеа од нив како имаат секс и други слични акти.

Од компанијата донесоа одлука со која целосно ќе се промени начинот на функционирање на сервисот, па почнувајќи од октомври веќе нема да биде дозволена објава на сексуално експлицитна содржина. Креаторите ќе може да објавуваат содржина во која тие се прикажуваат голи, но веќе нема да смее да се прикажуваат сексуални акти.

Причината поради која од OnlyFans ја донеле оваа одлука е поради притисокот кој го имале од страна на нивните партнери од банките и операторите за плаќање. Од компанијата планираат да почнат процес на собирање на финансии, па на крајот се одлучуваат на ваков потег.

Овој месец OnlyFans пуштија мобилна апликација на која исто така не беше дозволено објава на сексуална содржина, што можеби ја најави сега веќе донесената одлука.

Сега сервисот треба да биде место каде содржина ќе објавуваат креатори како фитнес тренери, готвачи, комедијанти, музичари и слично.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаFacebook пушти алатка за заштита на профилите на корисниците во Авганистан
Следна статијаСо најновата тест верзија од Windows 11 достапни станаа и првите ISO датотеки за инсталација на системот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.