Microsoft оваа недела ја пушти најновата тест верзија од Windows 11 кој е достапен за корисниците преку Windows Insider програмата. Тестирањето на Windows 11 е можно преку два канали од Windows Insider програмата, односно dev и beta каналот, па за повеќето корисници кои сакаат порано да почнат со користење на оперативниот систем, се препорачува постабилната beta верзија.

Најновата верзија повторно е достапна за двата канали, па без разлика кој го користите, оваа недела е достапна нова верзија. Истата го носи бројот 22000.160 и може да се инсталира преку проверка за нови верзии во Windows Update.

Од оваа недела, покрај инсталација на Windows 11 преку надградба од Windows 10, достапни се и ISO датотеките преку кои може да се направи целосно нова инсталација. Со ова може да се проба и новиот систем за инсталација од Microsoft, којшто е целосно различен од тој кај претходните верзии од Windows.

За beta корисниците оваа верзија не донесува некои новини, па достапни се во главно одредени исправки на откриените багови и грешки.

Корисниците во dev каналот, исто како и минатиот пат, добиваат новина, а истата е во форма на најавената нова верзија од часовникот во Windows 11. Новата часовник апликација доаѓа со функцијата Focus Sessions, која е замислена подобро да го организира времето на работа на корисниците, а истата доаѓа и со интеграција со Spotify и Microsoft To Do.

Focus Sessions функцијата е замислена да корисникот избере време кое смета дека му е доволно за да заврши одредена задача, а истата ја бира од интегрираната Microsoft To Do листа, по што апликацијата му препорачува да направи пауза. За време на работата корисниците ќе можат да вклучат музика од Spotify директно од часовник апликацијата, што е уште една поголема новина кај истата.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаOnlyFans веќе нема да дозволува сексуална содржина
Следна статијаWizz Air го започнува најголемиот „роуд-шоу“ за регрутирање на кабински екипаж
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.