Скопје, 20.08.2021: Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Еврoпа, објавува дека започнува со најголемиот роуд-шоу за вработување на кабински екипаж, со планови да ангажира 800 нови членови на екипаж низ својата мрежа до декември 2021 година. Еден настан ќе се одржи во Скопје за аспирантниот екипаж во Северна Македонија. Сите ентузијасти кои отсекогаш сонувале за кариера на небото и сакаат да присуствуваат можат да се пријават тука.

Како дел од кампањата на Wizz Air за вработување кабински екипаж, авиокомпанијата ќе организира настан во август. Настанот ќе се одржи во Хотел Тимс Апартмани, на ул. Орце Николов 120, 1000 Скопје, нудејќи му шанса на аспирантниот кабински екипаж да дознае повеќе за Wizz Air. Се очекува кандидатите да пристигнат во 9 часот наутро, со ажурирана биографија и да бидат подготвени за цел ден активности, вклучувајќи лично претставување, ситуациона игра со улоги, тимски вежби и индивидуално интервју.

Кабинскиот екипаж кој ќе се приклучи на тимот на Wizz Air може да очекува конкурентна плата во една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, водечка обука во индустријата и месечен распоред кој се објавува на две недели. Кабинскиот екипаж ќе работи во пријателска и мултикултурна средина, со пристап до разновидни возбудливи можности за напредување во кариерата, како што е програмата на “Wizz Air’s Cabin Crew to Captain”, која ги поддржува постојните членови на кабинскиот екипажот за добивање комерцијална пилотска лиценца. Кабинскиот екипаж исто така може да ужива во попусти на летови и бонус авионски билети за семејството и пријателите.

Овој настан е дел од континуираното вработување на членови на кабинскиот екипаж и пилоти низ мрежата на Wizz Air, бидејќи авиокомпанијата го зголемува капацитетот и изгледа дека тројно ќе ја зголеми големината на својата флота, а во следните десет години се очекуваат 500 “Airbus” авиони. Новите регрути кои се приклучуваат на Wizz Air го прават тоа во возбудливо време за авиокомпанијата, по отворањето на 18 нови бази и покренувањето на преку 300 нови рути низ својата мрежа само во изминатата година.

WIZZ AIR ДЕНОВИ НА РЕГРУТИРАЊЕ

ДАТУМЛОКАЦИЈА
21.08.2021Hotel Tim’s Apartments, Скопје

Heiko Holm, главен оперативен директор на Wizz Air, изјави: “Ова беше инспиративна година за диверзификација на мрежата на Wizz Air и ние сме среќни да поканиме аспирантен кабински екипаж да се приклучи на фантастичен тим и да работи за една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа. За време на претстојните настани за вработување, кандидатите можат да научат повеќе за можностите што ги нудиме. Во WIZZ, ние сме горди на одличните можности, конкурентната плата и придобивките достапни за нашиот екипаж. Ние сме посветени да го поддржиме нашиот екипаж со отворен пат во кариерата и можност за брзо развивање. Додека се враќаме на капацитетот од пред пандемијата и го продолжуваме нашиот фокус на раст, со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на талентираните кандидати да се приклучат на нашиот растечки тим. 

Претходна статијаСо најновата тест верзија од Windows 11 достапни станаа и првите ISO датотеки за инсталација на системот
Следна статијаHUAWEI WATCH 3 Pro ја освои EISA наградата за најдобар паметен часовник