Windows 10 веќе има функција која овозможува исклучување на известувањата со цел тие да не пречат во работата. Сепак, оваа функција е прилично едноставна и овозможува избор на каков вид и од кои апликации ќе може да се добијат известувања, но ништо повеќе.

Популарниот Панос Панај од Microsoft најави нова функција која ќе биде дел од Windows 11 и истата е наречена Focus Sessions. Од краткото видео кое го објави со најавата не може баш многу да се разбере што точно ќе нуди Focus Sessions, но како и секогаш можеме нешто да претпоставиме.

Доколку се соберат краткото видео, името на функцијата, како и некои други слични апликации, може да се заклучи дека Focus Sessions ќе овозможува „фокусирање“ на една задача со поставување на тајмер од страна на корисникот.

Ова е метод на работа која ги дели задачите во помали групи со цел поефикасно нивно завршување, по што се прави пауза и преминува на друга задача.

Focus Sessions ќе нуди и нешто различно од другите вакви апликации со интеграцијата на Spotify директно во самата апликација. Корисниците ќе можат да си пуштат музика додека тајмерот им одбројува за задачата, нешто што сигурно за многу корисници помага во концентрацијата.

Како што се гледа на видеото, Fucus Sessions ќе нуди и одредена статистика за сработеното во форма на графикони и слично.

Панос Панај ја најави оваа новина дека ќе биде објавена наскоро, па сигурно ќе ја видиме во некоја од наредните верзии од Windows 11 преку Windows Insider програмата.

Претходна статијаПорано еден од најпопуларните прелистувачи, Firefox продолжува да ги губи корисниците
Следна статијаSuper Duper Secure Mode треба да ја зголеми безбедноста на Microsoft Edge со мало намалување на перформансите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.