Фото: Shutterstock.com

Одлуката на САД и сојузниците да се повлечат од Авганистан после 20 години, доведе до брзо преземање на територијата од страна на талибанците, нешто што ги изненади повеќето официјални лица во светот, иако според други тоа било целосно очекувано.

Ситуацијата во која сега се наоѓа Авганистан, под раководството кое уште се оформува од страна на талибанците, доведува до очекувања за големи нарушувања на човековите права и слободи, кратко кажано.

Facebook за таа цел воведен нова алатка за корисниците од оваа земја која со еден клик треба да го заклучи нивниот профил. Оваа алатка е посебно наменета за новинарите и другите активисти, покрај за обичните корисници.

Со заклучувањето на профилот, никој кој не е пријател на корисникот нема да може да ги симнуваа или споделува профилните слики од тој корисник, а исто така нема да може да ги гледа нивните објави.

Во основа, оваа алатка го прави профилот приватен за корисниците кои не се пријатели, а ова нешто што веќе им е достапно на корисниците на мрежата, само не со еден клик.

Facebook исто така привремено ќе ги сокрие листите со пријатели на корисниците и им препорачува на корисниците да ја направат нивната листа приватна, односно никој да не може да ја види или барем нивните пријатели.

За корисниците на Instagram, Facebook ќе воведе известување преку кое ќе ги информира корисниците за чекорите кои можат да ги преземат за да ги заштитат нивните сметки, но нема да овозможи алатка како таа кај нивната главна мрежа.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаРецензија Motorola Moto G30 – Телефон со ниска цена, но со примамливи карактеристики
Следна статијаOnlyFans веќе нема да дозволува сексуална содржина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.