Motorola го претстави Moto G30 во февруари оваа година, а продажбата ја започна од наредниот месец. Тоа значи дека се работи за нов телефон од кој како корисник би имале соодветни очекувања.

Moto G30 е телефон од средно ниската класа, а може да се купи без договор од оператор за околу 200 евра. Ова го прави G30 одличен избор за голем процент од корисниците, од тие кои не можат да си дозволат повеќе, до тие кои не сметаат дека има потреба да се дадат повеќе пари за еден смартфон.

Како и да е, Moto G30 доаѓа со одлични карактеристики и не би можеле да го ставиме во категоријата на телефони кои се доволни во главно да ја извршите основната намена, правење повици и повремено проверување на друштвените мрежи.

Motorola со Moto G30 има одличен телефон кој во неколку делови кои навистина се истакнуваат, ќе го привлече вниманието и на сериозните корисници.

Дизајн

Иако Moto G30 е телефон кој има одличен дизајн, сепак може да се каже дека се гледаат одредени карактеристики од средната класа во која се наоѓа. Рамките на екранот се мали, но затоа на долната страна има нешто поголема рамка која веќе не ја гледаме кај поскапите модели. Сепак, ова е нешто што е стандардно и кај конкурентите од оваа класа, па Moto G30 не може да се каже дека нуди нешто послабо од тоа што веќе е на пазарот.  

На горниот дел од екранот, камерата е поставена во мала дупка која е поврзана со горната рамка, односно ја користи таканаречената „teardrop“ форма, која поретко ја гледаме во последно време кај телефоните, а изгледа одлично.

На задната страна имаме чист дизајн со бои кои се прелеваат, прекинати само од логото со сензор за отпечатоци на средината и модулот за камерите во левиот агол. Модулот е направен во модерниот дизајн кој го гледаме кај повеќето производители и одлично се вклопува во изгледот на телефонот кој од задната страна и не открива дека се работи за уред од средната, односно пониската класа.

Иако задниот дел е изработен од пластика, направен е така да остави впечаток дека се работи за друг и поцврст материјал.

Се работи за голем телефон, кој иако има прилично стандардни димензии за денешно време, можеби нема да им се погоди на корисниците кои сепак ги сакаат помалите телефони, па обично се одлучуваат и за мини верзиите.

Екран

Екранот е една од тие карактеристики кои го прават Moto G30 да се истакне, па и на момент да се заборави дека не се користи телефон од највисоката класа. Причината за овој заклучок е во стапката на освежување на екранот која е со 90 херци. Работата со Moto G30 поради тоа е многу подобра, анимациите се брзи и „мазни“, а тука е и одличното искуство при играњето на игрите.

Инаку, екранот е со големина од 6,5 инчи и е направен со IPS LCD технологија. Има резолуција од 1.600 на 720 пиксели, што не е многу, но сепак не може да се каже дека тоа е нешто што го забележувавме за време на користењето.

Карактеристики и перформанси

Motorola Moto G30 доаѓа со Snapdragon 662 чипсет кој има осум јадрен процесор и 6GB RAM, како и 128GB простор за податоците. За нас големината на просторот обично не е голем фактор поради тоа што препорачуваме сликите и другите податоци да се чуваат во „облакот“, што ја прави многу полесна и промената на телефоните.

Селфи камерата кај Moto G30 е со 13 мегапиксели, додека на задната страна се поставени дури четири камери со 64 мегапиксели, 8 мегапиксели и можност за сликање со ултра широк агол, 2 мегапиксели за сликање од блиску, како и уште еден сензор со 2 мегапиксели наменет за одредување на длабочината на сликата со што се овозможуваат ефекти при сликањето.

Батеријата на телефон е со капацитет од одлични 5.000 mAh и може брзо да се полни со полначот кој доаѓа со уредот.

Работата со Moto G30 за време на нашиот тест беше задоволително. Немавме проблеми со отворањето на апликациите, односно телефонот овозможува одлично корисничко искуство и внесување во активноста.

Комбинацијата од чипот и резолуцијата на екранот овозможи да еден ден користење не е никаков проблем за батеријата, а кога телефонот би го користеле умерено, нема да има потреба од секојдневно полнење.

Камерите овозможуваат сликање со одличен квалитет, а трендот да се вградуваат повеќе камери кај поевтините телефони овозможува да сликање е одлично во било каква ситуација.

ПРЕГЛЕД НА ОЦЕНКАТА
Дизајн
Екран
Перформанси
Цена
Претходна статијаСо соодветни мерки за заштита може да се зачува колективното здравје и да се намалат негативните економските последици
Следна статијаFacebook пушти алатка за заштита на профилите на корисниците во Авганистан
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
recenzija-motorola-moto-g30Moto G30 од Motorola е одличен телефон од пониската класа кој е достапен за повеќето корисници со прифатливата цена. Сепак, класата и цената не значат дека и компромис кога се во прашање перформансите на уредот, квалитетот на сликите, а тука е и одличната стапка на освежување на екранот од 90 херци.