Motorola донесе два свои модели за европскиот пазар кои сигурно ќе го привлечат вниманието на доста корисници. Се работи за модели од ниската класа, што значи дека и очекувањата за карактеристиките треба да бидат соодветни, но Motorola дефинитивно донесува неколку изненадувања.

Moto G30 и Moto G10 се двата нови телефони и ќе се продаваат по цени од 179 и 149 евра, што мора да се признае е поевтино и од доста телефони купени со попуст поради договор со оператор.

Главните изненадувања, односно карактеристики кои не би ги очекувале кај вакви телефони се наоѓаат кај посилниот Moto G30. Овој телефон доаѓа со екран со стапка на освежување од 90Hz, што ќе ги направи анимациите и „скролањето“ многу подобри.

Екранот кај овој модел е со големина од 6,5 инчи и има резолуција од 720p, што е одлично, сепак треба да се земе во предвид класата. Телефонот работи на Snapdragon 662 чипот, а има одлични 6GB RAM и 128GB простор за податоци, со можност за додавање на картичка.

На задната страна се поставени дури 4 камери од кои главната има 64 мегапиксели и прави слики од 16 мегапиксели, поради спојувањето на пикселите. Останатите камери вклучуваат ултра широка со 8 мегапиксели и уште две камери со по 2 мегапиксели. Селфи камерата е со 13 мегапиксели.

Уште една работа се издвојува кај овие телефони, а тоа е батеријата со капацитет од 5.000 mAh, нешто што ќе овозможи барем еден ден без потреба од полнење. Брзината на полнење на батеријата е со 15W кај Moto G30, а со 10W кај Moto G10.

Moto G10 доаѓа со слични карактеристики, па така го има истиот екран, но со стапка на освежувањ од 60Hz, има 4GB RAM и главната камера е со 48 мегапиксели, селфи камерата 8 мегапиксели и работи на Snapdragon 460.

Ова се дефинитивно одлични телефони кои ќе им овозможат подобро искуство на корисниците кои не им се даваат повеќе пари за телефон.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаДигиталната трансформација во Европа не може да се случи без отворен пазар
Следна статијаФИТР станува првата сертифицирана државна институција со ИСО 37001:2017, Стандард за спречување на корупција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.