Facebook ги претстави своите најавувани паметни очила, кои Марк Закерберг при крајот на јули ги најави како наредниот производ којшто ќе го претстават од компанијата. Уште од тогаш беше најавено дека очилата ќе го носат брендот на Ray-Ban, а ќе бидат дизајнирани во соработка со EssilorLuxottica.

Ray-Ban Stories е името на очилата и на прв поглед тие изгледаат како обични очила за сонце, па само ако некој подобро се загледа и ги види двете интегрирани камери на предната страна, ќе може да познае дека се работи за нешто повеќе.

Со двете вградени камери со по 5 мегапиксели, ќе може да се сликаат слики, но и да се снимаат кратки видеа, до 30 секунди. Овие слики и видеа потоа можат да се префрлат со помош на новата апликација Facebook View, да се изменат и да се споделат на повеќето познати друштвени мрежи, а може да се зачуваат и на самиот телефон.

Покрај оваа главна намена на Ray-Ban Stories, очилата доаѓаа и со вградени мали звучници и микрофони, кои можат да се користат за правење на повици, како и за слушање на музика.

За да луѓето кои се во околина знаат дека некој ги слика или снима, секогаш кога корисникот на Ray-Ban Stories ги користи камерите, ќе се вклучува сијаличка која ќе треба да служи како информација за активноста.

Ray-Ban Stories од Facebook ќе се продаваат во ограничен број на земји, за почеток во САД, Австралија, Канада, Ирска, Италија и Британија, по цена од 299 долари. Очилата ќе доаѓаат во 20 варијанти, како и 6 различни бои.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаОбјавен првиот официјален трејлер од The Matrix Resurrections
Следна статијаSamsung и уметникот Мајкл Марфи нудат револуционерно искуство за сите сетила, нова перспектива на визуелната забава благодарение на неверојатно тенкиот Neo QLED телевизор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.