Фото: Shutterstock.com

Facebook можеби се најпознати по својата друштвена мрежа, како и Instagram, WhatsApp и Messenger, но тие сепак од време на време претставуваат и по некој физички производ, како на пример нивните Portal уреди. Тука е секако и сопственоста на познатиот Oculus.

Наредниот производ од Facebook, како што истакнал Марк Закерберг за време на презентација на финансиските резултати на компанијата, ќе бидат првите паметни очила од Ray-Ban, направени во соработка со EssilorLuxottica.  

Покрај најавата дека овие очила ќе имаат „иконска“ форма и ќе им овозможат на корисниците да прават навистина интересни работи, нема повеќе информации што е тоа што можеме да го очекуваме.

Според достапните информации, се очекува да овие очила немаат екран, односно тие нема да бидат очила со проширена реалност, а целта на Facebook е да претстават такви очила во иднина.

Овие очила би биле само мало надополнување на мобилниот телефон, а треба да имаат микрофон, можеби и камера, како и можност за контрола на одредени активности.

Претставувањето на овие очила се очекува за оваа година, но доста планови беа одложени поради пандемијата, па не би било чудно доколку истите бидат претставени идната година.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаВодовод – Скопје и СМУГЦ Д-р. Панче Караѓозов потпишаа меморандум за соработка
Следна статијаПрославете ја спортската сезона со спортските дизајни на HUAWEI WATCH 3 серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.