ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамки на својата стратешка ориентација и политиката за општествена одговорност, го имплементира принципот на општествена одговорност во сите сфери од општествениот живот во град Скопје и Република С. Македонија, вклучувајќи го и придонесот кон унапредување на образованието и науката во државата.

ЈП Водовод и канализација – Скопје и СМУГЦ „Д-р. Панче Караѓозов“ потпишаа меморандум за соработка во доменот на научно-истражувачката работа. На средбата, на која меѓу останатите претставници на двете институции присуствуваа генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски и директорката на средното училиште Маја Салиу, беа договорени фазите за понатамошната соработка меѓу институциите.

Врз основа на овој меморандум, од следната учебна година учениците од профилот медицинско лабораториски санитарен техничар ќе можат да усвојуваат дел од практичните знаења во лабораториите на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје под менторство на врвни професионалци од доменот на испитувањето на квалитетот и безбедноста на водата.

„Со воспоставување на оваа соработка во насока на унапредување на практичната настава во согласност со Законот за средно образование, ги ставаме на располагање нашите ресурси и кадарот во рамки на Секторот за санитарна контрола и овозможуваме услови за изведување на практична настава но и научно истражувачка работа. На тој начин делуваме во создавање на нови квалификувани кадри, општествениот просперитет и унапредувањето на пазарот на трудот“ – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола, го изрази своето задоволство во однос на почетокот на оваа соработка, што претставува уште една од низата на отворени можности за споделување на знаењето во научно- истражувачката работа во полето на испитувањето на водата.

Претходна статијаWindows 11 ја доби својата прва верзија во бета каналот од Windows Insider програмата
Следна статијаМарк Закерберг најави дека наредниот производ од Facebook ќе бидат Ray-Ban паметни очила