Во рамките на GDC, односно Game Developers Conference, која се одржува оваа недела во Сан Франциско, Facebook ја претстави наредната генерација од нивниот Oculus Rift уред за виртуелна реалност.
Oculus Rift S се смета како замена, односно нова генерација од Oculus Rift платформата која на корисниците има донесува неколку новини и подобрувања за цена од 400 долари кога ќе почне да се продава оваа пролет.
Oculus Rift S доаѓа со подобрена оптика на двата екрани кои се вградени во уредот, како и поголема резолуција. Ова треба да овозможи многу подобро искуство при играњето на игри или било која друга активност за која ќе се користи овој уред.
Rift S исто така е направен да е поудобен за корисникот. За таа цел Facebook, поточно Oculus, има започнато партнерство со Lenovo кои се одговорни за новиот дизајн на уредот.
Интересен додаток е Passthrough+ функција која му овозможува на корисникот да види што се случува околу него во „реалниот“ свет, без да има потреба да ги извади очилата, односно уредот од глава.