Уредот кој буквално ја донесе виртуелната реалност во светот, конечно ја доживеа својата официјална верзија, односно верзијата која е наменета за продажба. Досега, видовме неколку различни развојни уреди, кои беа наменети пред се за дивелоперите, со цел развој на што повеќе апликации кои ќе ги искористат можностите на Oculus Rift.

Моделот кој ќе влезе во производство е многу полесен и помал од оние кои ги видовме досега, а Oculus ветуваат и дека ќе биде многу поудобен за носење, благодарение на пониската маса, а има и многу подопадлив дизајн.

За разлика од уредите кои користат паметен телефон за претставување на виртуелната реалност, Oculus ќе користи два OLED екрани, кои треба да овозможат многу подобро виртуелно искуство. Дисплеите се специјално развиени за да испорачаат многу брз одговор на пикселите, односно да нема каснење на сликата.

Нормално, за целосно виртуелно искуство, Rift доаѓа и со специјални слушалки, кои овозможуваат слушање на опкружувачки звук, но кои исто така може и да се отстранат, доколку сакате да користите други слушалки.

Screen-Shot-2015-06-11-at-1.19.28-PM-1200x669

Интересно е што Oculus Rift ќе се испорачува со џојстикот од XboX One, а поради партнерството со Microsoft. Сепак, за во иднина Oculus спрема свој контролер, кој е поделен на двете раце, но ги има сите традиционални копчиња како џојстиците за играње игри.

Партнерството со Microsoft ќе овозможи и безжично поврзување на конзолата, односно вашиот Windows 10 компјутер со уредот, што значи дека ќе можете да ги играте сите Ваши игри во виртуелна реалност.

И не само што ќе овозможи играње на сите игри што ги имате на компјутерот, туку безжичното поврзување ќе овозможи и гледање филмови, односно консумирање на секакви други различни мултимедијални содржини, со многу поинтензивно активирање на сетилата. И во многу поголема приватност, секако.

Screen-Shot-2015-06-11-at-1.51.36-PM-1200x763

Oculus Rift ќе пристигне на пазарот на почетокот од наредната година, но цената се уште не ни е позната.

Извор: The Next Web, Venture Beat

Претходна статијаНаучниците успеаја да внесат минијатурна електроника во мозокот преку игла
Следна статијаPhilae се разбуди!