Shutterstock.com

Instagram можеби ќе добие нова функција која на корисниците ќе им помогне во тоа да на листата со новости ги гледаат тие што навистина би сакале. Новата функција, слично како на Facebook, би овозможувала означување на корисниците како омилени, по што тие ќе се прикажуваат први или погоре на листата со новости.

Една ваква можност е потребна не само поради тоа што друштвените мрежи одамна веќе користат алгоритам за прикажување на новите објави, туку и поради огромниот број на корисници кои се следат, па не секогаш е можно се да се види.

На Facebook корисниците имаат можност да означат други корисници или страни како омилени, односно да ги стават во група Favorites, по што објавите од овие сметки ќе се прикажуваат почесто и погоре во листата со новости.

Се верува дека оваа функција ќе функционира исто или слично и на Instagram, па корисниците можат да бидат сигурни дека веќе нема да ги пропуштаат објавите од сметките кои ги сметаат за најважни.

Оваа нова функција не треба да се измеша со моментално достапната „Close Friends“ која е тука да им даде избор на корисници кој може да им ги гледа „приказните“, но нема врска со редоследот на објавите.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаФиналната верзија од Android 12 се очекува да биде пуштена на 4ти октомври
Следна статијаСилни вибрации, како тие од мотори, можат да ги оштетат камерите кај iPhone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.