Фото: Shutterstock.com

Доколку сте сопственик на мотор, а посебно од тие посилните, Apple препорачува да вашиот iPhone не го прикачувате за воланот или било кое друго место. Причината за тоа е можноста да се оштетат одредени делови од камерата, по што телефонот веќе нема да може да слика со истиот квалитет.

Според Apple, вибрации со висока амплитуда во одредени фреквентни опсези, а како пример ги даваат посилните мотори, можат да ги оштетат системите за оптичка стабилизација на сликата, како и автоматското фокусирање.

Со оглед на тоа што овие две функции се доста важни за квалитетот на сликата, а посебно што повеќето од корисниците сликаат аматерски, нивното оштетување ќе направи да телефонот го изгуби фабричкиот квалитет на сликите.

Од компанијата препорачуваат да телефоните не се поставуваат на моторите воопшто, а и на другите возила кои предизвикуваат поголеми вибрации да се користи држач кој има можност за намалување на вибрациите.

Важноста на оптичката стабилизација на сликата кај телефоните е доста голема. Не само што корисниците најчесто се аматери и не се добро запознаени со правилата за сликање, телефоните ретко се поставуваат на држач со цел сликата да биде што подобра. Еден од факторите зошто мобилните вадат толку добри слики се токму системите како оптичката стабилизација на сликата.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаInstagram тестира нова можност за омилени корисници чии објави би се прикажувале први
Следна статијаСеавус Code Talks посветен на темата “Concourse CI, поинаков пристап за CI/CD” ќе се одржи на 21 септември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.