(Скопје, 13.09.2021) – По успешното организирање на повеќе Code Talks настани во земји каде има свои претставништва, како Белорусија, Србија, Македонија и Шведска, на кои имаа можност да учествуваат бројни софтверски инженери и технолошки ентузијасти, Сеавус го најавува својот трет хибриден Code Talks настан за оваа година.

Ова Code Talks издание ќе се фокусира на Concourse CI платформата, а ќе се одржи на 21 септември, од 16:00 до 18:00 часот.

Александар Андонов, технички менаџер на DevOps во oдделот Услуги на управување (Managed Services) во Сеавус ќе биде говорник на овој настан и ќе зборува за Concourse CI платформата како еден поинаков пристап за континуирана интеграција и континуирана испорака. Говорникот ќе ги објасни предностите, слабостите и перспективата на Concourse континуираната интеграција, која овозможува подобро искористување на ресурсите за CI/CD, и ќе прикаже како да го направиме развојот поагилен, а поставувањето на верзии потранспарентно. Ќе се зборува и за тоа на кој начин Concourse нуди различен, а сепак ефективен пристап за автоматизација кој е толку прикладен за континуирана интеграција и континуирана испорака (CI/CD). Предавањето ќе се одржи на англиски јазик.

Code Talks настаните се место на кое експертите од Сеавус ги споделуваат своите технички знаења и практични искуства со заедницата на програмери, и им нудат на учесниците одлична можност да научат нови работи, да ги подобрат своите вештини, да постават прашања и да добијат одговор, како и да стекнат нови познанства и пријателства со некои од учесниците со кои го делат истиот ентузијазам за технологија и програмирање. 

Овој Code Talks настан ќе заврши со панелот TheLionTalk, на кој сите учесници ќе можат да постават прашање и да добијат одговор. 

Сите кои се заинтересирани да присуствуваат на настанот треба да се пријават на следниов линк: https://codetalks.seavus.com/seavus-code-talks-remote-event-21092021

Со нетрпение ве очекуваме!

Претходна статијаСилни вибрации, како тие од мотори, можат да ги оштетат камерите кај iPhone
Следна статијаCredissimo прославува 5 години пари навреме со подароци од 5.000 денари секој ден